„Пирели“ го објави најновото издани на својот славен календар и во него има собрано голем број ѕвезди од музичкиот свет.
Календарот со мото „На пат“ (On the Road) е подготвен од канадскиот музичар Брајан Адамс, а во него се прикажани ѕвезди како Шер, Грајмс, Џенифер Хадсон, Нормани, Рита Ора, Иги Поп, Савити, Кали Учес и Сент Винсент.
Јануари
Брајан Адамс – Канадски пејач, гитарист, композитор, фотограф и филантроп е автор на календарот

Февруари
Ен Ерин „Ени“ Кларк позната како Сент Винсент е американска кантавторка и мултиинструменталистка. Добитничка е на три награди Греми за најдобра рок песна

Март
Кали Учес е колумбиско-американска пејачка, композиторка, актерка и дизајнерка, која се стекна со светска слава во 2021 година со големиот успех на нејзината песна „Телепатија“.

Април
Диамонте Киваја Валентин Харпер – Савити е позната американска раперка.

Мај
Легендарната Шер е една од ѕвездите на календарот.

Јуни
Нормани е американска пејачка и балерина.

Јули
Џенифер Хадсон ја доби награфата Греми за својот деби албум „Џенифер Хадсон“, издаден во 2008 година.

Август
Иги Поп е легендарен американски рок-музичар и актер. Тој е еден од највозрасните учесници во календарот.

Септември
Клер Елис Бушер – Грајмс е канадска музичарка, пејачка, композиторка, дискографка, визуелна артистка и режисерка на музички спотови.
 
Октомври
Бохан Феникс е музичар роден во Хубеи во Кина, кој израснал во Масачусетс, САД.

Ноември
Рита Ора е британска композиторка и пејачка со косовско потекло.

Декември
Една гитара е инструментот протагонист за последниот месец од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.