Музичката суперѕвезда Ријана, во нејзиниот роден град Бриџтаун на Барбадос, како дел од прославата на националниот празник, беше прогласена за национална хероина на оваа островска држава на Карибите.

Пред собраниот народ, премиерката Мија Мотли ѝ ја честиташе титулата национална хероина на Барбадос на 33-годишната Ријана.

Да продолжиш да сјаеш како дијамант и да бидеш гордост на својот народ со твоите дела и постапки! – порача Мотли, осврнувајќи се на хитот на Ријана „Дајмондс“ од 2012 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.