Холивудскиот миленик Бред Пити неговиот брат Даглас изградиле целосно поразлична кариера, но и двајцата се многу успешни во тоа со што се занимаваат.
И, додека Бред ги крши срцата на жените ширум светот,Даглас е претприемач, инвеститор и филантроп.
Инаку, Даглас е три години помлад од популарниот брат Бред, а додека актерот и понатаму има спор со својата поранешна сопруга околу децата и зад себе има два пропаднати брака, неговиот брат е во среќен брак.

Тој со Лиса Пит пред олтарот застанал во 1990-та година, а заедно имаат три деца, Ландон, Сиднеј и Реган.
Од 2010-та година Пит е амбасадор во „Goowdill“ Танзанија, а го основал и„Care To Learn“ која што ги финансира децата кои шо имаат недостаток на храна, хигиена и лекарска помош.

Тој е и сопственик на информатичката фирма „ServiceWorld“ која што ја основал во 1991-та година, а се занимава и со продажба на недвижнини.
Тој неколку пати признал дека фотографијата му е една од најголмите страсти и омилено хоби, а со тоа во слободно време се занимава во последните 20 години. Имал и изложби низ САД, а неговите фотографии се појавиле во многубројни американски и меѓународни списанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.