Таман кога сите помислија дека разводот меѓу Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста ќе помине во најдобар ред, без проблеми, сплетки и расправии, почна војната. Имено, освен што се’ уште не ги потпишал документите за договорен развод на бракот, Раста ја прекинал и соработката со својот менаџер Марко Николиќ, кој и’ е брат на неговата бивша сопруга.
Ана го најавуваше новиот албум, но Раста ја блокира во неговата изработка. Ги повлече песните што ги сработи тој, а сега не може да најде нови соработници бидејќи сите застанаа на негова страна. Ја одбија Буба и Јала, Корона и Римски… (најпоpularni рапери во Србија, н.з.). Освен што не знае што ќе биде со кариерата, Ана се шокира кога и нејзиниот брат остана без ангажман со Раста, објаснува извор близок на оваа двојка, и додава: Ана стриктно се придржуваше до договорот што го постигнаа кај адвокатот. Раста можеше да ја зема ќеркичката кога и ќе посакаше. Наместо да се разведат мирно и таа да добива алиментација од 2.000 евра месечно, сè стои бидејќи раперот не ги потпишал документите за развод, иако усно се согласи на сè.
Од адвокатската канцеларија на Боривоје Боровиќ потврдија за „Свет“ дека раперот веќе еден месец нема време да дојде и да ги потпише документите за договорен развод на бракот, иако пејачката одамна го направила тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.