Лепа Брена видно се вознемирила и расплакана го напуштила студиото поради една многу тажна причина. Во емисијата била пуштена снимка од Дивна Карлеуша, која почина од рак на белите дробови на 4 март, а во позадина одела балада од Лепа Брена.

Многу тешко ѝ паднало да го гледа видеото, па ја напуштила просторијата, а когаа се вратила не изустила ниту еден збор. Потоа Саша Поповиќ им се обратил на сите и кажал што би направила Дивна.

Јас знам една работа, Брено. Брена ова многу ја погоди… Дека Дивна е жива или дека може нешто да ни каже од оној свет, ќе речеше: „Сале, не тагувајте, распукајте весело, јас сакав музика, секогаш сум ги сакала пејачите, ве поддржував. Ти благодарам, Дивна, на се, рекол Саша на снимањето на специјалната емисија на „Ѕвездите на Гранд“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.