Пејачот на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац, веќе неколку недели лежи во болница, каде е згрижен откако се заразил со корона, а сега за српски Телеграф раскажал дека би сакал да го пуштат дома да умре.
Предраг тврди дека со денови психички му е лошо, бидејќи никој не му доаѓа во посета, а од креветот едвај може да стане и да оди до тоалет.
Состојбата по примање на кинеската вакцина ми се стабилизираше, ама сега сум психички лошо. Не сум добро и верувајте дека едвај издржувам во болница. Никој не ми доаѓа во посета, бидејќи е ова ковид болница, а со мојата Мима се слушам само преку телефон и на неа и се жалам. Ужасно е чувството кога по цел ден слушате само како апаратите за кислород пиштат. Тоа ни млади луѓе не би го поднеле, негативно влиаје на психата. Размислував да ги замолам лекарите да ме пуштат дома, достоинствено да умрам, ама тоа не е можно- зборувал пејачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.