Пред да избие секс-скандалот со Огњен Врањеш и сè она што следеше по него, Јелена Карлеуша во интервју за „Гламур“ откри дека најголемата поддршка во животот секогаш ја добивала од својата мајка Дивна.

Дивна беше таа која ми всади дека жената мора да биде многу самостојна и многу да се бори, за никој да не ја држи во рака. Тоа е можеби и најдобриот совет за сите жени, во бракот, во љубовта и односите, рече тогаш Карлеуша.

Таа е некој кој е вистински пример како треба да се биде ветер во грб за своето „чудно дете“. Јас не бев обично девојче, и во училиште бев различна. Кога почнав да пеам, среде инфлацијата, се сеќавам дека се позајми за мојот прв албум, без прашања како ќе го платиме тоа. Ми веруваше слепо, а јас имав 15 години. Сè што правев, таа ми всади во глава дека сум најдобра и најубава. Јас би сакала секој млад пејач да има родители кои толку ќе веруваат во своето дете, рече Карлеуша.

Во тоа интервју првпат откри дека нејзината мајка е болна.

Дивна е болна неколку години, но ние доста добро се бориме против тоа и држиме сè под контрола. Јас сум ќерка единец, мене мајка ми ми е центар на светот, моја животна цел е таа да биде добро, изјави тогаш Карлеуша.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.