Актерката Јасна Орнела Бери објави на социјалните мрежи дека е позитивна на коронавирсот.
Драги мои зад мене поминаа две тешки недели со корона вирусот. Денеска добив тест кој го потврди дека сум позитивна. Важно е дека на време почнав со лекувањето. Пазете се и заштитете се себеси и другите – напиша актерката на Фејсбук.
Покрај улогите во театарот, таа на јавноста и е позната и по многуте улоги во југословенските филмови, a таа е позната и како прва љубов на пејачот Здравко Чолиќ.
Двајцата почнале да се забавуваат во Сараево во седумдесеттите години од минатиот век, но сепак, нивната романса не опстанала долго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.