Секс-скандалот со експлицитни фотографии и преписките помеѓу Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш, се уште е главна тема во медиумите од соседството. Пејачката, која е многу активна на социјалните мрежи, денеска за прв пат откако изби аферата објави заедничка слика со својот сопруг, кому пак денес му е роденден.

Тие позирале свечено облечени, а потоа Карлеуша на својот Инстаграм профил има поставено уште една фотографија со нивните ќерки.

Медиумите коментираат дека иако му е роденден, лицето на Душко на кое нема ниту мала насмевка кажува сè, а Карлеуша немасто долга порака со убави жели за него, како опис на сликата само кратко напишала – Славеник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.