Српската пејачка Сека Алексиќ се породи по вторпат и на свет донесе уште едно синче. Пејачката пред неколку месеци го откри полот на бебето, односно откри дека очекува момче и дека за синот го одбрале синот Исак.

Радосните вести дека добила син, пејачката ги објави на својот „Инстаграм“, но синот не се вика Исак, туку Јован, по нивната куќна слава „Свети Јован“.

Не е како што ние сакаме, туку како Господ ќе каже. По нашата слава „Свети Јован“ утринава се роди Јован, а желбата на татко му беше иста. Рече: „Нека се вика Јован“. Ако следното бебе е машко, тоа ќе се вика Исак – напиша Сека на социјалните мрежи и ја објави првата фотографија од синот.

Сека и Вељко од бракот веќе го имаат синот Јаков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.