Протестот протув музичарот Горан Бреговиќ, најавен преку социјалните мрежи не успеа во Корча, Албанија, објави „Клан Косова“.
Само три лица се јавиле на повикот на поранешниот пратеник Кујтим Ѓjузи. Тие се прошетале по улиците со транспарент на кој пишувало: „Горан Бреговиќ не е добредојден на фестивалот на пивото, ако не се извини“.
Како што се наведува во објавата, во косовските медиуми со денови се провлекува негативна кампања против Горан Бреговиќ, поточно кампањата започна веднаш откако се дозна дека Бреговиќ доаѓа на фестивалот на пивото во Корча.
Бреговиќ е „обвинет“ дека е „инспиратор на масакрот на Косово“, „идол на убиствената српска војска за време на војните во поранешна Југославија“.
#kos_stampa Propao protest protiv Bregovića, samo četvoro došlo https://t.co/3YRalByA7j
— KoSSev (@KoSSevnews) August 8, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.