Поп пејачката Марија Шерифовиќ прва и пружи утеха на колешката Јелена Карлеуша после смртта на мајка и Дивна Карлеуша.
Јас не се огласував јавно кога неа ја погодија сите тие ситуации. Мислам дека за секој жив човек тоа се психолошки душевни удари, но Јелена е лавица. Треба малку време душата да се опорави, иако раните никогаш не зараснуваат, но барем фластерите убаво да се залепат, бидејќи има сопруг и две прекрасни деца. И сигурна сум дека таа набрзо ќе застане на нозе – рекла Марија.
Марија со задоволство се сеќава на покојниот крал на народната музика Шабан Шаулиќ. Иако никогаш не снимила дует со него, вели дека од него многу научила.
Се што успеав да научам тој тоа некаде го препозна, го сакаше начинот на кој пеам, сакаше понекогаш да работиме заедно. Јас имам голема трема, но никогаш немав таква како кога тој ме повика да бидам гостин на неговиот концерт. Тоа ми беше Вау. Мислев: Што ќе сум му јас?Тоа ми беше преубав спомен – објаснила пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.