Пејачката Ана Кокиќ и нејзиниот сопруг, ватерполистот Никола Раѓен решија да стават точка на десетгодишниот брак. Иако повеќе пати во медиумите се шпекулираше за тоа дека се разведуваат, тие таквите информации ги демантираа, бидејќи тогаш беа неточни. Но овојпат навистина дојде крај!

Како што се дознава, без грди зборови, повредени суети и лоши односи, Ана и Никола сфатиле дека веќе не им иде. Овие информации ги потврди и ватерполистот.

За жал вистина е!За се ќе се огласиме со заедничко соопштение- рекол кратко Раџен, кој во тој момент влегувал во авионот за Москва, каде што игра ватерполо.

Неговата сопруга Ана Кокиќ не се огласила по овој повод, а како што се дознава тие двајца и после се ќе останат во добри односи.

Документите за развод ги потпишале во присуство на адвокат и тоа на Божиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.