Принцот Хари се повлекол од кралските должности затоа што британскиот жолт печат бил „штетен за него“ и му го уништувал психичкото здравје.
Хари се обиде да биде искрен во емисијата „Лејт лејт шоу“ на Џејмс Корден. Двоецот притоа се возеше во двокатен автоус без покрив низ Лос Анџелес, а Хари на популарниот водител му раскажа зошто ги напуштил кралските должности…
Не се оддалечив од нив… Но, треба да го заштитам своето семејство. Го направив она што секој сопруг и татко би го направил. Морав да го однесам семејството подалеку од таму – вели Хари.
Хари зборува и за серијата „Круна“, за која вели дека му е драго што серијата ја прикажува историјата на неговото семејство, но „не како вести“. Тој додава дека би сакал, во идните епизоди, него да го глуми Дејмијан Луис.
За време на возењето, домаќинот и принцот пиеја попладневен чај, па Хари му призна на Корден и дека знаел оти Меган маркл е „вистинската“, на нивниот втор состанок. Гостинот откри и дека кралицата на својот внук Арчи за Божиќ му купила калап за вафли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.