Популарниот водител Огњен Амиџиќ примен е во КБЦ Бежаниска коса со обострано воспаление  на белите дробови.

Првично беше објавено дека Огњен е наводно позитивен на коронавирус, ама излезе дека информацијата е неточна, а дека водителот е примен во болница од превентивни причини.

Како што дознаваат српските медиуми, Огњен вчера е примен во болница поради благо воспаление на белите дробови. Тестот на корона е негативен, а водителот се чувствува добро.

Добро се чувствувам. Примен сум во болница бидејќи лекарите сакаат да ја следат мојата здравствена состојба – рекол популарниот водител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.