Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ станаа родители на момче, на кое од порано му го избраа името Александар.

Пејачката се породила со царски рез, а бебето на раѓање имало 2.800 грама. Александра добро го поднела породувањето.

Филип и Александра првобитно планираа породувањето да се изврши во Америка, но поради големите компликации околу визата и останатите законски прописи, се откажале од тоа. На крајот се решиле за Белград и избрале една приватна клиника. Цената која Живоиновиќ морале да ја платат изнесува околу 5.000 евра. По излегување од клиниката на пејачката и нејзиниот сопруг прва ќе им помогне мајката на Александра, Борка, но и членовите на семејството на Филип кое живее во соседството – рекол извор близок до семејството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.