Неда Арнериќ се уште се наоѓа на одделението за токсикологија на Војномедицинската академија во Белград, откако пред една недела се обиде да се самоубие пиејќи голема количина на лекови и алкохол. Лекарите велат дека во болница ќе остане уште најмалку еден месец.

Неда е подобро, но и претстои голема борба да се врати во нормала. Се уште не може да дише самостојно, па е на аспиратор. Дише со помош на таканаречени вештачки гради – рекол добро информиран извор и додава дека се трудат на познатата актерка да и го стабилизираат притисокот.

Кога ја примиле во болница, имала пристисок 50 со 20. Тоа е многу тешка состојба која сега е стабилизирана.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.