Мирослав Илиќ со години се суди со поранешната љубовница Мирјана Антоновиќ, која тврди дека пејачот е татко на нејзиниот син Девон. Таа живее во САД, но кога заедно со Девон дојде во посета на Србија, Илиќ одби да ги види и да го признае татковството.

Така почна и судскиот процес, во кој долго време се чека Илиќ да даде ДНК примерок, за конечно да може да се утврди татковството. Пејачот вчера се појавил на рочиште, но и овојпат не се согласил да даде примерок.

Според Мирајна, тој не се појавил на претходното рочиште зошто побарал претходно да се утврди дали таа навистина му е мајка на Девон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.