Ни на сон не помислувал дека само девет дена по разговорот со Деа Ѓурѓевиќ и тој ќе доживее сообраќајна несреќа која ќе биде фатална по него, Шабан Шаулиќ се распрашувал за состојбата на младата водителка.
Шаулиќ во разговот со една новинарка на 9 февруари се распрашувал за состојбата на младата водителка која имаше несреќа две дена порано. Деа пред да ја удри автобус, имала помала сообраќајна несреќа. Шаулиќ со тага во гласот зборувал за трагедијата на Деа.
Многу се вознемирив кога го прочитав тоа. Ни крива, ни должна, таа настрада. Прво со автомобилот, а потоа ја удри и автобус. Велат дека несреќата никогаш не доаѓа сама. Секогаш се случуваат три несреќи една по друга, изјавил Шаулиќ.
Осум дена по овој разговор Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.