Поранешната порно-актерка Зои Паркер, која беше номинирана за најдобра секс-сцена во 2017 година, е пронајдена мртва.
Со тага ве известуваме дека Зои Паркер почина во сон на 12 септември околу 2 часот по полноќ. Имаше само 24 години – објавија на веб-страницата „GoFundMe“ каде што почнаа кампања за собирање средства за покривање на трошоците за погребот.
Зои неодамна ја напуштила порно индустријата.
Се врати дома во Тексас за да биде близу до семејството и да почне нов живот. Почна да работи и неодамна ја најави својата свршувачка. Очигледно, за првпат во нејзиниот живот, изгледаше навистина среќна – вели организаторот на кампањата Џеј Кембел од Ведерфорд, Тексас, пренесува „Дејли мејл“.
Засега не е позната причината за смртта.
Паркер ја почна својата кариера во филмската индустрија во 2014 година, а во 2016 година се пресели во Лос Анџелес за да се занимава со порнографија.
Последната објава Зои ја објави на 21 јули на својот профил на Твитер, каде имаше повеќе од 50.000 следбеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.