Ѓорѓе Балашевиќ, според неофицијалните сознанија ќе биде погребан во понеделник. Семејството одбило да изврши обдукција на телото.

На денот на погребот во Србија ќе биде прогласен Ден на жалост.

Првично Градот Нови Сад најави дека денот на погребот на Балашевиќ ќе биде ден на жалост, но потоа стигна информација дека денот на жалост ќе биде на републичко ниво.

Знамињата во Нови Сад веќе се спуштени на половина копје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.