Популарната пејачка Јелена Карлеуша вчера наполни 41 година, а воедно ова е и првиот роденден што пејачката со помина без својата сакана мајка Дивна Карлеуша, која почина во март годинава по долга и тешка болест со карциномот на бели дробови.
Таа денес организира роденденска прослава за своите блиски пријатели и за семејството, со прекрасна весраче-торта, но и со уште една во форма на долар.
Според написите на медиумите, нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и’ подготвил големо изненадување. Како што се шушка, славнот фудбалер планира да и’ подари јахта, со што би и’ исполнил голема желба земајќи предвид дека пејачката го обожава морето.
Нивните ќерки уште од мали навикнаа да патуваат низ светот поради работата на својот татко, а и често ги носат на море. Девојчињата во една пригода му кажаа на татка си дека би сакале да имаат свој брод, со кој би пловело целото семејство, открил доброупатен извор.
Се истакнува дека станува збор за јахта од 26 метри, со четири кабини, три тоалети и со домашно кино. Цената и’ е 800.000 евра, а моментално е укотвена во Шпанија, од каде што ќе биде испорачана во Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.