Познатата Грандова ѕвезда Слободан Васиќ повторно направил инцидент – само еден во низата што ја одбележаа неговата кариера. Настанот се случил во угостителски објект во Нови Сад каде тој дошол во друштво на својата нова девојка и нејзиниот брат. И се било супер додека алкохолот не почнал да делува. Прво се поткачиле пејачот и братот, за после подебелиот крај да го извлече девојката на пејачот. Слоба се нашол во тесно, со оглед на тоа дека имало многу сведоци кои виделе дека ја удрил, па немајќи каде самиот повикал полиција и пријавил што точно се случило.

На младиот пејач не му е прв пат да е насилен во 2015 година ја нападна и тогашната вереница Валентина. Скандалот како што се наведуваше тогаш се случил среде ресторан во Будва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.