Вчера во Белград во својот дом почина од срцев удар популарниот пејач на народна музика Џеј Рамадановски.

Веста одекна во регионот, а со славниот пејач се простуваат колегите, но и друг личности од јавниот живот.

Соседите со голема тага гледаат како полицијата го изнесува во црна вреќа мртвото тело на Џеј.

Според првичните информации, почонал од срцев удар, но ќе се истражува дали се работи за доцна реакција на брзата помош. Полицијата ќе изстражува дали можеби недоволната грижа на докторите е причината за смртта со оглед на тоа дека Џеј бил многу одговорен и точен, редовно ја примал терапијата и правел контроли.

Со дозвола на семејството тој ќе биде погребан во Алејата на славните во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.