Вдовицата на кралот на народната музика со емотивна порака го одбележа денот кога е роден Шабан Шаулиќ.
Недостига гласот кој лечеше сè, порача меѓу останатото Гордана Шаулиќ.
Денес е воедно и најсреќниот и најтажниот ден. Денес на оваа насмевка ѝ е роденден. Би наполнил 68 години. Зарем веќе? Недостигаш толку што не постојат зборови да се опише. Недостига твојот славејски глас кој лечеше сè. Знам дека од горе сè гледаш и најмногу ги чуваш твоите Гоца, Санела, Илда и Михајло. Засекогаш ќе бидеш тука. Среќен роденден кралу, напишала сопругата.
Шабан е роден на денешен ден во 1951 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.