Дивна Карлеуша, мајката на српската пејачка Јелена Карлеуша почина по тешко и долго боледување, а многумина се уште зборуваат за нејзината добрина и хуманост.

Зорка од Србија раскажува дека кога станала мајка немале пари со сопругот, а се обидувале да започнат бизнис додека едвај крпеле крај со крај, а знаеле дека решение е реклама на радиото каде работела Дивна иако било скапо.

Таа вели дека платиле само една реклама кај радиото на Дивна, а бизнисот им процветал, па не можеле да кренат глава од работа за што ќе и бидат вечно благодарни.

За две недели собрале пари за пристоен автомобил.

Таа вели Дивна и го сменила животот иако не била свесна за тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.