Еден од најуспешните српски кошаркари Владе Дивац, покрај своите две биолошки деца, ја има и посвоената ќерка Петра, која веќе со години привлекува големо внимание со редовните објави на „Инстаграм“ и на својот блог.
Во еден од нив пишува:
Луѓето често ме прашуваат како е да имаш две мајки и двајца татковци. Немам по двајца родители. Ги имам само мајка ми и татко ми. Луѓето што ме одгледаа и што направија да бидам независна, интелигентна и силна девојка. Потоа, имам и биолошка мајка, жената што ме родила и на која ќе ѝ бидам вечно благодарна што сум денес опкружена со вистинските луѓе. Не знам ништо за жената што ме родила, а ни за мојот биолошки татко, не сум во контакт со нив. Би сакала да ги запознам еден ден, но не ми се брза. Често размислувам за тоа дали личам на некој од нив и дали имам некоја нивна особина, пишува Петра.
Дивац со сопругата Снежана има три деца – Лука, Матија и Петра која двојката ја посвои кога била 6-месечно бебе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.