Eден од најпознатите балкански музичари, автор и пејач, Ѓорѓе Балашевиќ почина вчера, откако не успеа да го победи воспалението предизвикано од Ковид 19. Тој почина во болница, откако пред три дена бил итно хоспитализиран, а лекарите два ипол часа се бореле за неговиот живот во болницата во Нови Сад.
Балашевиќ, познат по своето исклучителен талент за раскажување приказни преку своите песни, почина на 67-годишна возраст.
Како што открива извор од болницата, последните часови од животот на Балашевиќ биле многу тешки и исполнети со борба за секој здив.
Во петокот наутро состојбата одеднаш многу му се влоши. Сатурацијата паѓаше од час во час и покрај сите напори на лекарите. Тој дишеше многу тешко и речиси и не можеше да зборува. Пред да го префрлиме на интензивна нега, се обиде да разговара со неговата сопруга Оливера, постојано го кажуваше нејзиното име, нè молеше да ја повикаме. Нејзиното име беше последното нешто што го изговори – вели изворот.
Песната „Оливера“ е само еден од хитовите на Балашевиќ за кои инспирација му била неговата сакана.
67-годишниот српски музичар и 61-годишната актерка и гимнастичарка стапиле во брак во 1981 година. Тие имаат три деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.