Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ, Ана Севиќ и нејзиниот партнер Данијел Недељковиќ неодамна ја прекинаа 2,5 годишната врска поради недоразбирања кои не успеаја да ги надминат.
Според зборовите на блиска пријателка на Ана, една од причините е и Дарко Лазиќ.
Дали засекогаш раскинаа или во прашање е само моментален проблем, не можам да тврдам, но тие двајца неколку дена не се заедно. Видовте дека Ана дојде да го поддржи Дарко на неговата промоција пред концертот, а тоа не е случајно. Лазиќ и Ана успеаја да ги решат несогласувањата кои ги имаа, но таа не би дошла тек така да го поддржи поранешниот сопруг. Сите зборуваат дека тоа е една од причината за раскинувањето на Ана и Данијел. Можеби кога страстите ќе се смират, тие двајца ќе сфатат дека не можат еден без друг. Сите парови имаат проблеми, па времето ќе покаже. Засега од свадбата нема ништо – рекла пријателка на пејачката.
Според нејзините зборови, Ана требало да слави роденден во еден ресторан, но ја откажала прославата поради раскинувањето.
Интересно е што пејачката пред неколку дена поставила нивна зедничка фотографија и на Данијел му се заблагодарила на периодот кој го поминале заедно.
Животот ти праќа некои луѓе за да сознаете некои нови ширини и да ги проширите видиците. Да дознаеме што сакаме, а што не сакаме. Да се спознаеме во некои други димензии и ситуации. Да видиме дека можеме уште повеќе да сакаме. Дека сме многу повредни од што мислиме. Дека постојат луѓе кои и тоа како знаат да сакаат, почитуваат и да бидат темел и поддршка. Ти благодарам на секоја секунда за мојот раст крај тебе, бескрајно сум ти благодарна на се што направи за мене и моето дете. Што беше тука. Те сакам и ти благодарам на се што направи за нас – напиша Ана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.