На пејачката Јелена Карлеуша драстично и скокна цената на настапите после порно аферата со фудбалерот Огњен Врањеш. Пејачката овој викенд за пет часа пеење ќе заработи дури 40.000 евра, дознава српски Информер.

ЈК вчера настапувала во Амстерадм, додека денеска ќе ги забавува своите обожаватели во Виена и за секој настап ќе добие по 20.000 евра. Според информациите, пејачката пред скандалот земала околу 12.000 евра по настап, но сега секаде низ Европа ја бараат, па нејзините менаџери ја кренале цената.

После нејзините голи фотографии и врелите преписки со Врањеш кои се објавени во медиумите, Јелена е ѕвезда број еден на естрадата. Порно аферата баш и ја крена цената. Менаџерите од сите поголеми клубови во Европа сакаат да ја ангажираат. Сега може да бара колку сака, бидејќи сите сакаат да ја видат, без оглед на тоа колку ќе чини влезница за клубот – рекол познат естраден менаџер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.