Пејачката Дара Бубамара неодамна ја раскина врската со Тони, за кој се знаеше дека е повеќе од две децении помлад од неа, а сега во српските медиуми се појавија шокантни информации за него, во врска со наводните незаконски постапки на неговото семејство.

Тој се претставува како Тони, додека неговото вистинско име е Марко Дујаковиќ, а пред три години тој и неговиот татко користеле разни измами за да набават лични документи од сограѓани од околината на Шид, кои потоа наводно ги продале за големи пари, пренесува „Ало.рс”

Според овие наводи, во 2018 година, таткото и синот ги злоупотребиле личните податоци на многумина.

За Марко и неговиот татко со години кружеа приказни дека учествувале во кражба на лични податоци на свои сограѓани од Шид, кои подоцна ги продавале за големи пари. Една група луѓе дури е и уапсена поради тоа во 2018 година. Тие правеле лажни наградни игри на Фејсбук и како услов за учество, барале од луѓето да им праќаат фотографии од лични карти и пасоши. Подоцна тие податоци ги злоупoтребувале и ги препродавале за големи  пари на црниот пазар. Најтажно од се е тоа што многу луѓе од Шид навистина поверувале дека станува збор за наградна игра и без размислување им праќале свои лични податоци – вели извор за Ало.

Во време кога е уапсена групата луѓе во Шид поради измама, Дујаковиќ и неговиот татко веќе биле на сигурно во Италија каде отвориле ресторан. Меѓутоа брзо го затвориле бидејќи работата баш не им одела.Сега се зборува дека се занимаваaт со криптовалути, додава изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.