Хајди Клум по судски пат бара дозвола да ги однесе своите четири деца во Германија по итна постапка, откако нивниот татко, пејачот Сил, не даде дозвола децата да ги напуштат САД.

Клум и нејзиниот поранешен сопруг Хенри Семјуел – Сил имаат четири синови: Лени (16), Хенри (14), Јохан (13) и Лу (10).

Германската супермоделка во барањето до судот наведува дека поранешниот сопруг не ѝ дозволува да ги земе децата во нејзината родна земја поради загриженост околу корона вирусот.

Јас сум добро запознаена со сите неопходни мерки на претпазливост поврзани со вирусот Ковид-19 и никогаш не би ги довела нашите деца во опасност. Ги презедов сите мерки на претпазливост за Германија на ист начин како што тоа го правам во САД – наведува Клум во документот.

Хајди Клум и Сил беа во брак од 2005 до нивниот развод во 2014 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.