Поранешната менаџерка на Тоше Проески, Љиљана Петровиќ, во последните неколку години речиси никогаш не се појавува во јавноста. Како што пишуваат српските медиуми, таа направи трансформација од естрадна менаџерка до стопанственичка во бизнисот со одгледување цвеќе.

Петровиќ зборуваше во утринската програма на телевизијата „Прва“, каде што објасни дека по  загинувањето на Тоше, почнала бизнис со рози, но дека сега се занимава со огледување  лаванда на површина од над 200 хектари, што е најголемата плантажа со ова ароматично растение во Србија.

Петровиќ му беше менаџерка на Тоше во последните години од неговата кариера, а таа беше и со него во автомобилот на 16 октомври 2007 година, кога Проески загина во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.