Во интервју за српскиот магазин „Хелоу.рс“ поп-дивата Калиопи Букле зборува за односот со поранешните сопрузи Ромео Грил и Васил Зафирчев и за својот став за бракот и дали би се омажила повторно.
Ромео и јас сме чист доказ дека е возможно по голема љубов да се задржат пријателски односи. Тоа не значи дека не знаеме да се скараме, токму како вистински пријатели, кажа пејачката, и додаде дека Ромео и таа во музиката се како две половини на една душа.
Неверојатно се разбираме и се надополнуваме. Ние моравме да се сретнеме во овој живот за да ја создаваме музиката што ја создаваме. Не се согласувам дека и во љубовта не бевме еднакво успешни, таа емоција е сè уште присутна меѓу нас, но во поинаква форма. Ние сме најдобри пријатели и семејство. Засекогаш.
На прашањето дали и со вториот сопруг, популарниот актер Васил Зафирчев е во пријателски односи по разводот, Калиопи дава потврден одговор.
На бракот гледам како на институција. Порадо би отпеала десет концерти во една ноќ отколку повторно да направам свадба.
За синот Пако од бракот со Ромео Грил, Калиопи вели дека е возрасен човек, кому во моментов му е попотребна жена одошто мајка.
Мојот син е возрасен човек, често доаѓа во Македонија, јас уште почесто го посетувам во Швајцарија, а сега му е многу попотребна жена отколку мајка. Најважно ми е тоа што мојот син е задоволен со мене како мајка. Се разбира дека ми е жал што, поради кариерата, не успеав да имам повеќе деца, бидејќи многу ги сакам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.