Откако во полициската акција „Вектор“ во Република Српска уапсени се девет лица за кои постои сомнение дека преку лажни профили на социјалните измамиле стотици лица, наведувајќи ги да им праќаат пари за обложување на  „проверени“ натпревари и „сигурни“ дојави, дел од српската естрада е во голема паника, пишува српски „Телеграф“. Според сознанијата на порталот, се покажало дека дел од осомничените на бројни јавни личности им плаќале добра сум на пари за да ги рекламираат преку социјалните мрежи.

На ваков начин добро заработувале старлетите Станија Добројевиќ, Тијана Ајфон, Сандра Африка и Ана Корач, како и пејачите Анабела Атијас, Слободан Раданович, Луна Џогани, Надежда Биљиќ и многу други.

Адвокатот Бошко Журиќ објаснува дека следен чекор во полициската истрага е сослушување на сите кои учествувале во рекламирањето на измамниците.

Повеќето од јавните личности се правдаат дека не знаеле за што станува збор и дека престанале кога сфатиле дека е измамам. Тие се оградуваат и со „оправдувањето“ дека со нивната реклама не им ги земале сосила парите на луѓето, туку дека и тие кои поверувале во лесната заработка сами сносат дел од одговорноста.

Секој одговара за своите постапки. Не ме интересира кој е измамен во целата оваа приказна, вели Ана Корач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🔥 Ana Korać🔥 (@ana_korac)

Никогаш вече нема да ги рекламирам, жал ми е што луѓето биле измамени. Меѓутоа, никој никого не може да натера на било што, па ни на тоа да се обложува на ваков начин. Колку што сфатив, станува збор за типување, а тоа е дозволено. Секако дека ќе дадам изјава во полиција ако дојде до тоа, зошто не сакам да сум дел од вакви измами, вели Анабела Атијас.

Сандра Африка, исто така, не се плаши дека ќе има некакви последици за неа.

Луѓето ми дадоа пари за реклама, јас ги рекламирав на „Инстаграм“ како и секој друг производ. Не гледав ништо лошо во тоа, дури подоцна сфатив дека е измама, вели таа.

Биљиќ, пак, вели, дека додека сопругот ѝ се швалерисувал во „Задруга“, таа морала некако да се снајде за нејзиниот син.

За таа реклама, која ја ставив неколкупати на „Инстаграм“, јас бев уредно платена. Имам син кој треба да го издржувам, зошто татко му Тома Паниќ во тој момент се швалерисуваше во „Задруга“ и немав многу избор. Морам да се снаоѓам. Не знаев дека станува збор за измама. Имам другар кој има дојави и навистина погодува, така што сè ми изгледаше валидно. Му даваш 100 евра, а тој ти го пополнува тикетот. Тоа постои. Мислев дека станува збор за истото. Пак би ги рекламирала, но прво би им побарала мене да ми дадат дојава, за да проверам дали ќе ме измамат, вели таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.