Извесно време се зборува дека бракот на најзгодниот турски актер Бурак Озчевит и неговата избраничка Фахрие не е најдобар, но првпат злите јазици меѓу нив ставаат трета личност.
Атрактивниот 36-годишен актер, најпознат по улогата на Бали-бег, наводно, ја изневерува својата сопруга и тоа со девет години постарата американска актерка Тара Раид (45) од „Американска пита“.
Таа и Бурак се запознале на сет на трилерот што ги снимаат заедно, „Masha’s Mushroom“. Оттогаш се зборува дека има многу хемија меѓу нив.
Извори од сетот наведуваат дека размениле страсти во гардеробата.
Снимањето заврши, а јас отидов да си ги земам работите. Одеднаш слушнав некои звуци, и неколку секунди ја видов Тара, во далечина, како потполно гола стои пред Бурак, рекла вработена на сетот.
Фановите на овој актер не веруваат во озборувања.
Па погледни ја Тара и погледни ја Фахрие. Се сомневам дека Бурак ја изневерува својата сопруга со колешка. Се надевам дека ова се само гласини, е еден од коментарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.