Против пејачот Дарко Лазиќ вчера е поднесена прекршочна пријава за предизвикување на сообраќајна несреќа на 23 октомври кај Брестач, во која беше тешко повреден.
Доколку се докаже дека е виновен може да плати казна повеќе од 2.000 евра и да оди во затвор до 4 и пол месеци.
Поднесено е барање за започнување на прекршочна постапка поради неприлагодена брзина, односно пребрзо возење во моментот кога се случила сообраќајката. Покрај тоа, тој направи прекршок и затоа што возеше без возачка дозвола и во тешка алкохолизирана состојба, со измерени 1.39 промили на алкохол. Казните за овој вид на прекршок се високи, па Лазиќ ќе мора да плати најмалку 240.000, а најмногу 320.000 динари (околу 120 илјади, односно 160 илјади денари). Ако не ги плати овие казни може да помине 135 дена во затвор, односно повеќе од 4 месеци, вели изворот за српски „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.