Една од најпознатите пејачки на Балканот, Лепа Брена, се пофали со новата јахта, со која со месеци крстарела по Јадранот.

Тоа е едно убаво бротче од околу 100 стапки, со пет, шест спални соби. Тоа не беше само подарок за нашите души, ние сакавме да си дозволиме нешто, бидејќи тоа беше специфична ситуација. Не можевме да се дружиме, можевме барем да пловиме. Така што, имав една година пауза и одмор за да го правам она што навистина го сакав, да пловам и да бидам на вода – се пофали Брена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Пејачката се осврнува и на продажбата на „Гранд“, која по 18 години повеќе не е во нејзина сопственос .

„Гранд“ е наше дете. Растеше, порасна. Беше моментот и таков е деловниот договор. Без оглед на тоа што не сме во сопственички односи, јас секогаш ќе останам да работам и да соработувам со „Гранд“, бидејќи тоа е нешто што мене ми е блиску, а во таа куќа се чувствувам како во својот дом – вели Брена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.