Сестрата на Богдана Родиќ, Бојана е бремена и го чека првото дете со синот на пејачката Гоца Божиновска, Мирко Шијан.

Божиновска за српските медиуми раскажува како ја дознала радосната вест.

Убавите вести ми ги соопштија мојот син и Бојана. Под елката имаше мала торбичка во која се наоѓаше тестот за бременост. „Малку доцна со подарокот“, ми рече тој, а веќе ми имаше купено подарок, па го карав што често ми купува подароци. Ја отворив торбичката и мислев дека е УСБ, бидејќи ми се расипа телефонот и сите ми велеа да купам УСБ за да ги зачувам сите податоци. Мирко ми кажа да проверам поубаво и дека халуцинирам. А кога конечно видов дека е тест за бременост бев пресреќна, вели идната баба.

Додава и дека воопшто не очекувала.

Интересно е што Бојана десет дена имаше проблем, ѝ беше лошо, ја болеше стомак, јас не ни помислив дека можеби е бремена туку на Бадник трчав да ѝ најдам чај, а не можев да најдам, раслажува таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.