Почит за балканската легенда Ѓорге Балашевиќ и на стадионот на Ливерпул „Енфилд“. Познатиот новинар на „Спорт клуб“ Невен Цвијановиќ, кој живее и работи во Англија на својот профил на Инстаграм му одаде почит на Балашевиќ.
Цвијановиќ ја ставил сликата на Балашевиќ кај спомен плочата на „Енфилд“ посветена на навивачите на Ливерпул кои загинаа во несреќата на стадионот Хилсбороу во 1989 година, пишува Нова.рс.
Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ почина во петок на 68 години од последици на воспаление на белите дробови, предизвикана од инфеција со коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.