Зафир Хаџиманов, актер, пејач и композитор почина како последица од коронавирусот, пишува порталот Курир.рс.

Хаџиманов беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар. Тој е роден во Кавадарци, 1943 година, а живееше во Белград.

Беше композитор, писател, шоумен и голема ѕвезда на поранешните југословенски простори. Македонија ќе го памети по легендарните стихови „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.