Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс, починал на возраст од 80 години. Музичарот, кој го прослави својот 80. роденден во јуни, беше член на една од најпознатите рок бендови на сите времиња, од 1963 година.

Со огромна тага известуваме за смртта на нашиот сакан Чарли Вотс. Тој почина мирно во болница во Лондон, каде што беше опкружен со членови на неговата фамилија. Чарли беше ценет сопруг, татко и дедо, но и член на Ролинг Стоунс, еден од најдобрите тапанари од неговата генерација. Со почит замолуваме за почитување на приватноста на неговото семејство, членовите на бендот и блиските пријатели во овие тешки моменти – се наведува во соопштение од неговиот публицист, Бернард Доерти.

Претходно месецов, од бендот соопштија дека Вотс ќе ја пропушти претстојната турнеја низ САД.

Како негова привремена замена е назначен Стив Џордан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.