Во 74-та година од животот денеска почина познатиот српски глумец Иван Бекјарев, најмногу познат по улогата на Курчубиќ во популарната тв-сериија „Подобар живот“.

За смртта на Бекјарев јавуваат српските медиуми.

Бекјарев, кој има македонско потекло, минатиот месец се зарази со ковид-19, а пред десет дена состојбата му се влошила. Последните недели бил на Инфективната клиника во Белград.

Тој дознал дека е болен од ковид19 додека снимал филм и веднаш престанал да работи.

Првата улога ја одиграл во 1967 година, а познат е по тоа што зад себе има повеќе од 150 улоги во театарот и преку 50 на филм. Најпознати серии во кои глумел се „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишани“…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.