Познатата светска инфлуенсерка Џоселин Кано која на Инстаграм ја следеа дури 12,9 милиони луѓе, почина на 29 години. Како што пренесуваат светските медиуми, Џоселин умрела после операција за поткревање на задникот, што ја имала во Колумбија. Зафатот бил направен на 7 декември.
Кано била модел, инфлуенсерка и модна дизајнерка. А веста во јавноста дошла по објавата на нејзината колешка Лире Мерсер.
О, мој Боже… Џоселин Кано почина во Колумбија, на операција. Тоа е сурово, напишала Лире.
Семејството уште не се огласило, а фанови од неа се простуваат на социјалните мрежи.
Инаку, Џоселин ја нарекуваа „мексиканската Ким Кардашијан“ заради облините кои потсетуваа на славната старлета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.