Британскиот актер, кореограф и танчaр, Лајонел Блер, починал на 92-годишна возраст, објави Би-би-си.
Семејството го обожаваше и на сите им е мило што беа со него до последен момент – изјавил неговиот менаџмент, потврдувајќи дека тој починал во кругот на семејството.
Блер беше на сцената речиси 80 години. Тој беше значајна фигура на малите екрани во 60-тите и 70-тите години и се појавуваше во бројни филмови, серии и ТВ-емисии.
Соработувал со бројни ѕвезди како Ентони Њули, Пеги Ли, Ел Фицџералд и Лиза Минели.
Колегите на актерот честопати истакнувале дека обожавале да работат со него.
Лајонел е роден во Канада, а со семејството се преселил во Велика Британија кога имал две години. Почнал да глуми на 13 години. Кариерата ја оствари во шоубизнисот и стана своевидна легенда на британската сцена.
Лајонел зад себе ја остави сопругата Сузан и трите деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.