Актерката Тања Робертс почина во понеделникот вечерта – еден ден откако нејзиниот сопруг и публицист поради недоразбирање предвреме ја објавија нејзината смрт.
Девојката на Бонд мирно починала во болницата „Cedars – Sinai“ во Лос Анџелес, каде беше хоспитализирана 24 декември, откако отишла да ги прошета кучињата и по враќањето дома паднала во несвест.
Конфузијата се вртеше околу последните моменти од животот на Робертс, откако нејзиниот публицист, Мајк Пингел, предвреме ја објави нејзината смрт во неделата. Ова веројатно произлезе од очигледно недоразбирање помеѓу О`Брајан и Пингел.
О`Брајан во вторникот изјави дека не знаел како се случило недоразбирањето и дека сите биле длабоко вознемирени во тие моменти.
Пингел ја повлече веста за смртта на Робертс во понеделникот, велејќи дека таа сè уште е жива, но дека е во многу тешка состојба, но ден потоа, таа засекогаш ја изгубила битката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.