Победникот на музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“ Махир Мулалиќ во едно телевизиско гостување по победата откри каква порака му испратила мајка му пред да почине.
Тој раскажувајќи дека имал претчувство и истото и го кажал на Марија Шерифовиќ само неколку секунди пред Саша Поповиќ да го прогласи победникот, се осврна и на тоа дека сакал да се откаже од натпреварувањето.
Мајка ми ми прати порака кога сакав да се откажам од се, „Само напред, и испрати ли снимка на Марија, дали зеде одело за следниот настап?“, цело време размислуваше за мене и во цело тоа лудило и бунило. Никогаш нема да престанам да давам се од себе за да не ја разочарам – вели тој.
Махир вели дека оваа победа и ја посветува токму на неговата мајка која почина во месец април
Сакам да е тука и заедно да се веселиме, но таква е судбината, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.