Трикратната победничка на натпреварот „Никогаш не е доцна“ и поранешната пејачка на групата „Бон Ами“, Бојана Барјактаревиќ, носи тешка животна приказна со себе.Во една пригода во шоуто пред нејзиниот настап, таа раскажа со што се соочила во животот и ги расплака сите во студиото.
„Јас со музика се занимавам веќе 29 години, не ја занемарив. Занемарив медиумски гостувања и настапи. Се повлеков за да се рехабилитирам и останав јас така надвор од сцената 17 години “, рече Бојана.
Пејачката откри дека се борела со тумор на дојка кој метастазирал.
„Ми отстранија 24 жлезди. Направив 16 хемотерапии, а по првата ја изгубив косата. Она што е добро е што сега имам нова коса, 40 отсто повеќе од порано. Најважно е да бидете упорни и позитивни, нема ментален пад, тоа е најголемиот непријател “, рече Бојана.
Бојана синоќа освои три награди во конкуренција, односно освои најмногу гласови од стручното жири, публиката и Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.