По неодамнешниот развод со Северина, Игор Којиќ, неодамна се сретнал со поранешната девојка.

Како што пишуваат српските таблоиди, Игор конечно го преболел разводот и одлучил повторно да го освои срцето на својата поранешна девојка, Катарина Радивојевиќ, која беше актуелна пред шест години кога Игор ја остави токму поради Северина.

Сспоред таблоидските пишувања, Игор воопшто не се труди да ги сокрие симпатиите кон Катарина.

Игор долго време не ја виде Катарина. Таа беше во Америка, а тој во брак и немаа прилика да бидат заедно. Неодамна случајно се сретнаа во еден ресторан и се поздравија, разговараа. Тој веднаш се заинтеренсира, не можеше да верува колку добро изгледа. Не го тргна погледот од неа. По средбата веднаш почна да и пишува. Искрено не знам што ми се случува, не знам дали му одговорила, но знам дека не се виделе оттогаш. Катарина сега е соло, нема момче, а Игор баш е заинтеренсиран за неа – вели за „Стар“ извор близок до Игор.

Тој, пак, засега останува без коментар за таквите пишувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.