Откако хрватската пејачка Северина Којиќ преку прес-конференција објави низ што сè поминува за време на борбата за старателство за нејзиниот син Александар, како и дека чашата го прелила инцидентот во кој тој бил физички злоставуван во училиште и дека не сакале да го пуштат да излезе од училницата, се огласи и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ, според кој тој инцидент бил предизвикан од страна на сегашниот сопруг на пејачката.

Игор Којиќ го испровоцира тој инцидент со своето насилно и непримерно однесување, поради кое училиштето морало да викне полиција. Можам да ви кажам дека се слушнав со детето во тој момент и тука нема зборови за било какво злоставување. Инцидентот е испровоциран за да се направи сензација. Испровоциран е од две причини. Прво да се направи сензација за да се привлече внимание кон Северина поради промоција на нејзината нова турнеја, а второ – очекуваме многу важна пресуда во една постапка која ја водиме, рекол Поповиќ.

Северина на прес-конференцијата изјави дека нејзиното дете не сакале да го пуштат да излезе од училницата и дека учителките не дозволиле Игор Којиќ да го однесе дома.

Во петокот на 11 октомври во Основото училиште „Матија Губец“, каде мојот син е во меѓународното одделение. се случи инцидент кога на мојот сопруг не му беше дозволено да го земе моето дете. Учителките го заклучиле во училницата цели два часа, а со тоа го повредиле и физички и психички, ја започнала Северина конференцијата.

Открила и дека нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ се договорил со управничката на училиштето дека никој освен него не може да го земе нивното дете од училиштето, иако како што таа тврди, на нејзиниот сопруг Игор Којиќ му е тоа судски дозволено. Северина исто така кажала дека управителката не се појавила тој ден на училиште и дека има бројни тужби од останати мајки чии деца учат во тоа училиште.

Наводно Поповиќ ја платил кампањата на градоначалникот Милан Бандиќ, а училиштето во кое оди Александар е во склоп на градската управа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.